САД зафатени од студен арктички бран, откажани над 4.500 летови

news
Advertisement

Голем дел од САД е зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се над 4.500 летови на аеродромите низ земјата. Во поголем дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика проблеми во сообраќајот, во текот на претстојниот викенд.

Advertisement

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.

Според службата за следење летови FlightAvare, над 4.500 летови закажани за вчера и денес се откажани, а над 1.200 се откажани на двата главни аеродроми во Чикаго,

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Според најавите, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.