САД: Курти да работи со претставниците на ЕУ за да се постигне фер компромис

news
Advertisement

САД се разочарани што лидерите на Србија и Косово не успеаја да се договорат за решение на спорот за регистарските таблички, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Advertisement

Прајс во писмената изјава вели дека премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да направат отстапки за да се осигураат дека нема да биде загрозен деценискиот тешко стекнат мир во и онака кревкиот регион.

„Го повикуваме премиерот Курти да работи со високиот претставник на ЕУ, Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак за да се постигне фер компромис“, се наведува во соопштението.

Прајс објави дека САД се приклучуваат на повиците на Европската унија веднаш да ги суспендира сите планирани мерки што ќе доведат до ескалација на тензиите, вклучително и казни за возачите кои не ги замениле српските регистарски таблички со косовски.

„Двете страни треба да се воздржат од преземање провокативни чекори, да ги исполнат своите обврски во рамките на дијалогот што го води ЕУ и да се ангажираат конструктивно во постигнување одржливо решение“, рече Прајс.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.