Само Господ го спасил. Возач на Сеат како во филмовите се спасил по сообраќајна незгода на Водно

news
Advertisement

Ова утро се случи неверојатна случка, пишува monitor.mk. Голема сообраќајна незгода се случи денес во близина на Средно Водно. Возач со Сеат Леон излетал од патот, при што се превртел неколку пати, паѓајќи на долниот дел на патот. Случајни минувачи се фатиле за глава кога ја виделе целата ситуација. Граѓанин кој испрати и слики во редакцијата monitor.mk, раскажа за среќата која ја имал младиот возач од Скопје.

Advertisement


фото испратено од граѓанин

“Младиот возач со Сеат Леон, се превртел неколку пати од горниот дел на патот, паѓајќи во долниот дел на патот. Возачот го најдовме околу 40 метра далеку од колата со мали повреди. Само Господ го спасил“, раскажа за monitor.mk граѓанин кој се затекнал на местото на настанот. Според него, возачот бил во збунета состојба но без видни повреди.
Граѓаните повикале Брза помош и полиција, кои пристигнале многу брзо на местото на несреќата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.