Само еден филџан од овој магичен чај го решава воспалението на бешиката и отечените зглобови

news
Advertisement

Проблемите со уринарни инфекции, задржување на вода во организмот, но и предменструалните тегоби ги решава пченкарната свила. Таа е богата со растителни влакна, протеини, калиум и манган.
Чајот од пченкарна свила е еден од најмоќните природни диуретици. Тој поттикнува излачување на урината и бактериите од организмот, поради што е од голема помош кај воспален мочен меур и уринарни инфекции како и камења во бубрезите.
Ја забрзува циркулацијата на крвта во телото и го намалува таложењето на вода во зглобовите, а помага и при слабеење и предменструални тегоби. Добар е и за детоксикација, ја олеснува работата на црниот дроб и ја намалува болката во зглобовите како последица на ревматски болести.
Како да подготвите чај од пченкарна свила?
Прелијте една чајна лажичка добро исушена пченкарна свила со шолја врела вода, оставете да отстои неколку минути, процедете и пијте еднаш дневно или максимум 3 пати на ден. Чајот не се препорачува да се пие неколку часа пред спиење.
Немојте сами да ја сушите пченкарната свила ако не сте сигурни дали при одгледувањето се користени штетни состојки како пестициди. Исто така, пченкарната свила која не е добро исушена ги губи лековитите својства и не е препорачливо да ја користите за чај.
Во постуденото доба од годината, кога нема свежа пченка на располагање, во продавниците за здрава храна можете да купите веќе готов чај од пченкарна свила. Сварете две лажички пченкарна свила во 3 децилитри вода, оставете да отстои пет минути, па процедете и пијте без никакви засладувачи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.