Само четири часа грееше парното утрово, од ЕСМ велат дефект нема, сѐ зависи од температурата надвор

news
Advertisement

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека почна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на Град Скопје со кој управува. Во соопштението наведува дека топланите во 6 часот почнале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите, а производството запрело во 10 часот.

Advertisement

Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“, соопшти ЕСМ.

Апелира до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.

„Да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија“, повикува ЕСМ Снабдување со топлина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.