Санкционирани 234 возачи за брзо возење

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот дена спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи.

Advertisement

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 109 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.