Света Петка била закопана без да ѝ оддадат доволна почит, а откако го ископале нејзиниот гроб виделе чудо: Ги штитела жените и болните

news
Advertisement

Денес ја славиме Св. Петка, заштитничката на жените, болните и сиромашните. Кај православните народи ова е многу почитуван празник, пишува Точка.

Advertisement

Името Света Петка потекнува од грчкиот збор „параскева“, што во превод значи петок, па оттука и Петка.

Родена е во Епиват, во близина на Костантинопол во 10. век, во богато и благочестиво семејство. Таа често одела во црква со својата мајка и била побожна уште од мали нозе. По смртта на нејзините родители се замонашила во Цариград, каде што го добила името Параскева.

Во овој град сакала да се поклони на најголемите светци, а по пет години отпатувала во Палестина. Таму поминала 40 години, живеела во Јорданската пустина, а една ноќ ѝ се јавил ангел Господов кој ѝ рекол да се врати во својата татковина, што Света Петка и го сторила – прво се вратила во Цариград, а потоа и во Епиват, каде веќе никој не се сеќавал на неа, бидејќи таму немала повеќе роднини откако и нејзиниот брат Ефтимиј се замонашил.

Живеела уште две години, па мештаните ја погребале одвоено од градските гробишта, не знаејќи која е, далеку од сите, но во близина на морето.

Друг извор, пак, навел дека била погребана во близина на еден столар и морнар чии тела непријатно мирисале. Затоа било одлучено да се откопаат лешовите и тогаш забележале дека нејзиното тело не скапува, но и дека не било допрено.

Тогаш извесна Ефимија и извесен Ѓорѓе сфатиле дека го сонувале истиот сон – светоста на нејзиното тело, и ним им било наредено да ја изнесат од таму и да ги пренесат нејзините мошти во храмот на Св. Петар и Павле во Епиват.

„Следниот ден и двајцата раскажале на сите за своите виденија. Кога благочестивиот народ го чул ова, сите побрзале кон моштите на преподобната Параскева со свеќи и, вадејќи ги од земјата со голема стравопочит, им се радувале како да се некое скапоцено богатство. Светите мошти свечено биле положени во црквата на светите и сепофални апостоли Петар и Павле, во Епиват“.

Веднаш по овој настан почнале да се случуваат разни чудесија и исцелувања.

Два века по смртта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците, па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.

Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.

Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го заземал Белград, ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се случуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш, во црквата „св. Три Ерарси“. Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.

Споменот на „Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил, или на 27-ми октомври по нов стил.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка (македонски) односно Параскева (грчки), поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

– Првата св.Петка-Параскева се нарекува св. Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил, или 8-ми август по нов стил. Таа загинала со маченичка смрт, исечена е за време на царот Антонио Пиј, па затоа правилно се нарекува „Света маченица Петка-Параскева Римјанка“.

– Втората св.Петка-Параскева се нарекува св. Петка од Иконија. Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан. Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил, или 10-ти ноември по нов стил. Нејзиното целосно име гласи вака „Света маченица Петка-Параскева Иконијска“.

Овие две светици се маченици додека „Света Петка-Трновска“ е преподобна.

Обичаи и верувања

Многу обичаи и верувања се поврзани со празникот Света Петка, а едно од нив е верувањето дека светецот се појавува во сон со причина. Се верува дека Света Петка на верниците во сон им се појавува како жена во црна наметка со крст и најчесто доаѓа да ги утеши луѓето и да им донесе добри вести, додека понекогаш сонот укажува дека треба да се промениме на подобро и да промениме некои лоши навики.

Според стариот обичај, на празникот Света Петка не се врши тешка физичка работа, не само заради одмор, туку верниците да имаат време за молитва и духовен развој на овој ден. Постојат повеќе извори на света и лековита вода поврзани со Света Петка. Исто така, голем број верници на овој ден одат на аџилак и ги посетуваат храмовите посветени на Света Параскева.

На празникот верниците се молат на Света Петка за здравје, љубов, семејство и душевен мир.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.