Свирепо убиената жена во Кочани, избодена 41 пат со нож, во јули пријавила дека партнерот ја уценува во Обвинителството

news
Advertisement

Жената која денеска свирепо беше убиена во Кочани, со над 40 убоди со нож, во јули месец пријавила во Обвинителството дека нејзиниот партнер ја уценува, дознава „Слободен печат“. По таа пријава Обвинителството е во фаза на прибирање докази но во неа немало наведено дека жената трпела закани, ниту пак дека е загрозен нејзиниот физички интегритет.

Advertisement

Некои од медиумите објавија дека таа починала со 41 убод од нож, нешто за што уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од Обвинителството затоа што се чека обдукцијата.

ОЈО Кочани изврши увид на лице место пред семејната куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело кој е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите“, велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Радио Кочани објави дека жената била убиена со над 40 убоди со нож. Тв Стар пак повикувајќи се на блиски на жртвата, објави дека жената била подолго време уценувана од убиецот и му давала поголеми суми пари под закана.

МВР соопшти дека денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.

По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Извор: https://www.slobodenpecat.mk/svirepo-ubienata-zhena-vo-kochani-izbodena-41-pat-so-nozh-vo-juli-prijavila-deka-partnerot-ja-ucenuva-vo-obvinitelstvoto/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.