СВР БИТОЛА ВО ДЕЛОТ НА НЕДОЗВОЛЕНАТА ТРГОВИЈА СО ДРОГА И ОРУЖЈЕ

news
Advertisement

Криминалистичката полиција при СВР Битола од областа на недозволена трговија со оружје во СВР Битола евидентира 37 кривични дела од недозволената трговија со оружје при што поднесени се 36 кривични пријави, против 42 сторители. Најчесто одземени предмети се: 18 парчиња оружје; муниција 423 парчиња и 22637 парчиња пиротехнички средства.

Advertisement

СВР Битола од областа на недозволена трговија со дрога поднесе 79 кривични пријави за сторени 88 кривични дела по чл.215 и чл.216 од КЗ на РМ, против 100 сторители. Како резултат на рутинска проверка од страна на полициските службеници и насочено работење на инспекторите од недозволена трговија со дрога запленети се најмногу марихуана; хероин; кокаин, хашиш.

Од СВР Битола во соопштението велат дека извршени се повеќе претреси на различни локации, а еден од последните е претресот во деловни и други помошни простории кај правно лице од Битола во стечај. При претресот биле пронајдени и со потврда за одземени предмети одземено е опојна дрога марихуана, по што поднесена е кривична пријава против 4 лица од Битола.

Само во Битола за овие 11 месеци лишени од слобода над 150 лица кај кои била пронајдена дрога, од кои за 12 од нив од страна на судија на претходна постака одредена е мерка притвор. Во периодот 01.01. -30.11.2022 година, од стана на криминалистичката полиција во Битола евидентирани се 36 кривични дела, против 48 сторители.

Запленето е: марихуана 122 ,5 кг или за 60 пати повеќе од лани, хероин 146,77 грама или за 2 пати повеќе од лани, се вели во извештајот на СВР Битола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.