СДСМ: Блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени на изборите

news
Advertisement

Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина поради која државата не започна со процесот на отворање поглавја, и покрај успешно завршениот скрининг процес, силната и недвосмислена поддршка и отворените врати на ЕУ, велат утрово од СДСМ.

Advertisement

Од партијата на власт порачуваат дека деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во Собранието се на штета на државата и на сите граѓани.

Затоа на изборите блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени. Активната блокада е времена блокада.

Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори, европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина, стои во соопштението од „Бихаќка“.

Преговорите не почнаа поради високото ниво на криминал и корупција во врвот на владата, возвратија од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, попустливоста на власта во надворешната политика, земјава ја чини ново столче во чекалната на ЕУ.

И додека власта се надева дека уставните измени ќе ги истурка во релативно кратки рокови, а опозицијата неприфаќа промени под како што вели – бугарски диктат, дел од помалите политички партии веќе имаат скроена програма како да ја придобијат довербата на граѓаните на пролетното одмерување на силите. ДОМ ќе преговара за коалиција со СДСМ, но ќе инсистира на прифаќање на нивните програмски приоритети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.