СДСМ: Мицкоски да организира отворени денови во Белиот дворец

news
Advertisement

„Христијан Мицкоски толку се соживеа со улогата на шпицен градоначалник, што сега најавува отворени денови во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Општините и по Законот за локална самоуправа треба да бидат постојано отворени за граѓаните, но тоа не важи за ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат од СДСМ на денешниот настан на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„Мицкоски треба да организира отворени денови во Белиот дворец, во нелегално стекнатата палата на криминалот.

Таму граѓаните да можат да го видат скапиот паркет од 75.000 евра, вазните, лустерите од стотици илјади евра но може и да даваат идеи за тоа како би се искористила луксузната зграда откако ќе биде запленета од државата, затоа што е нелегално стекната и тоа е потврдено со судска пресуда.

За други идеи Мицкоски нема кредибилитет да зборува, општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во главниот град, Скопје покажува колку шпицниот градоначачлник заедно со сите негови градоначалници се неспособни“, додаваат оттаму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.