СДСМ: Мора да има одговорност за дивеењето на Левица во Собранието

news
Advertisement

„Го осудуваме дивеењето на Левица во Собранието, кршењето и нападот на потпретседателот на Собранието и генералниот секретар.

Advertisement

Поради разумот на мнозинството не дозволиме во македонското Собрание да се реализира смислено сценарио и обид за предизвикување физички конфликти и хаос“. Вака реагираат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите по случениот хаос во Собрание.

„За дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица. Очекуваме надлежно јавното обвинителство веднаш да поднесе соодветни кривични пријави.

На еден многу лош начин граѓаните видоа што значат сценаријата на Левица.

Ова што денеска го гледаат граѓаните е потврда на она што го говориме цело време.

Со Левица и нивниот коалициски партнер можни се само инциденти, насилства и хаос.

Односот на Левица кон институцијата Собрание е однос кон државата, денес компјутерот во Собрание утре народот.

СДСМ нема да дозволи сценаријата на проруската Левица да успеат“, се наведува во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.

ИЗВОР: https://press24.mk/sdsm-mora-da-ima-odgovornost-za-diveenjeto-na-levica-vo-sobranieto

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.