СДСМ обвинува: 300 000 денари од Програмата за култура за кумашинчето на Коњановски

news
Advertisement

300 000 денари од Програмата за култура за кумашинчето на Коњановски!!!

Advertisement

Во програмата за култура за 2023 година, во делот традиционални настани/манифестации/фестивали, најмногу пари од Општина Битола доби здружението во сопственост на кумашинчето на братот на Тони Коњановски, Зоран Коњановски.

Продукцијата која постои само една година и лани го организира својот прв настан, од општината доби 300.000 денари. Бараше 700.000, ама комисијата одлучила дека 300.000 се доволно. Регистрирана на домашна адреса на кумашинчето на Зоран Коњановски, со само една година постоење, аплицирала во делот традиционални фестивали и добила 300.000 денари од Тони Коњановски. Кaква случајност, нели?

Во истата категорија во која аплицирала и добила 300.000 денари продукцијата на кумашинчето на братото на Тони Коњановски, Зоран Коњановски, се пријавиле и неколку други фестивали кои со години постојат и го богатат културниот живот на Битола, но добиле помалку пари од продукцијата во подем. Така, фестивалот посветен на битолски изведувачи и песни за Битола, Незаборав, кој годинава ќе се одржи по 13-ти пат, од Коњановски доби 200.000 денари. Француската алијанса, пак, за Фестивалот на музиката Солстис кој летово ќе се одржи по 21. пат, од општината доби само 60.000 денари.

Со распределбата на парите од програмата за култура на Општина Битола уште еднаш се потврдува дека сме во право кога укажуваме дека под плаштот на култура и културни настани, Коњановски и ДПМНЕ, всушност, вршат исплати на блиски луѓе до ,,оркестарот“ на градоначалникот и партијата. Со ретки исклучоци, на познати изведувачи и уметници им се доделуваат трошки, а на блиските на Коњановски и ДПМНЕ се доделени најголемиот дел од парите. Продукција на кумашинчето на Зоран Коњановски и партиски војници кои општината ги претставува како “светски”, добија најмногу од парите на битолчани.

Културата и во време на Владимир Талески Двојче беше една од областите преку кои се испумпуваа стотици илјади денари од буџетот на Битола за партиски војници и блиски луѓе на ДПМНЕ. Сега, ги гледаме истите шеми за богатење со пари на граѓаните. Нема улици, нема спортска сала, го нема Копанки, ама има култура по мерка на Коњановски и ДПМНЕ!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.