СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

news
Advertisement

ДПМНЕ повторно покажаа дека воопшто не им е грижа за граѓаните и за нивниот стандард, тврдат утринава од СДСМ затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале за законските решенија за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити.

Advertisement

-Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за извршување и на Законот за облигациони односи, што стави крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници граѓани. Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари. Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот. Прекината е праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари, велат од СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.