СДСМ со ново раководство: Еве кои се новите избраници

News

На седница на Централниот одбор на СДСМ е избрано новото партиско раководство. За потпретседатели на партијата се избрани Јована Тренчевска и Александар Трајановски, по предлог на претседателот Венко Филипче.

Функцијата генерален секретар и натаму ја задржува Александар Димитријевиќ, додека Љупчо Фармаковски повторно е избран за организациски секретар. Во раководните структури се враќа и Ана Чупевска, која ќе го води новоформираниот советодавен совет на партијата.

Како изненадување на седницата се посочува изборот на Александар Давчевски за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, а меѓу новите членови е и поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

Филипче предложи и повеќе нови имиња за раководните тела, меѓу кои Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов-Сокол.

Според најавите, Фани Каранфиловска Пановска останува заменик-претседател, а нејзината оставка треба да биде констатирана на Конгрес. Со овие избори, СДСМ соопштува дека влегува со комплетирано и обновено раководство за наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *