Северна Македонија го презема претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација

news
Advertisement

Ова се појавува кога ќе се отвори интернет страницата на ОБСЕ – дека Северна Македонија го презема претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација. Во наредните 12 месеци земјава ќе биде на кормилото на ОБСЕ во која членуваат 57 земји од 3 континенти, која се протега од Ванкувер до Владивосток. Претседавањето се случува во еден од најтешките моменти во 50 годишната историја на организацијата.

Advertisement

„После 50 години се случува една земја учесничка да ги урива основните принципи и основните столбови не само оние на коишто почива организацијата, туку и целокупната безбедносна архитектура врз која почива мирот во Европа, Русија ги поткопува тие столбови и тие принципи преку агресијата во Украина а со тоа доведувајќи до голем број на последици врз луѓето во тие региони. Претседавањето го преземаме под логото „Се работи за луѓето“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Освен што ќе се фокусира на граѓаните, македонското претседавање со ОБСЕ, за приоритети ќе ги има контролата на вооружувањето, сигурноста, замрзнатите конфликти, справувањето со корупцијата на Западен Балкан која станува безбедносно прашање за регионот…. Но, ќе доминира Украина каде ОБСЕ нема своја мисија на терен поради руското вето.

„Ние ќе треба да најдеме начин како да се врати ОБСЕ во Украина, како да воспоставиме мир, како да го имплементираме тоа. Има прашања како ќе контактираме со Русија – треба да се знае дека ОБСЕ е една одретките организации која се уште комуницира со Русија и тоа во Виена. Но, дали таа комуникација ќе стане реален дијалог ќе зависи од тоа како Русија ќе се постави кон принципите и заложбите на ОБСЕ. Ние како претседавачи сме чувари на столбовите на ОБСЕ. Ако некој ги руши тие столбови, не може да одите преку тоа, преку прекршување на принципите на ОБСЕ. Таа порака е испратена јасно до Русија“, рече Османи.

Прва посета на Османи, како претседавач со ОБСЕ, ќе биде на Украина кон средината на јануари. Властите во Киев очекуваат македонското претседавање со ОБСЕ да продолжи во, како што порача украинскиот премиер, насока на натамошна поддршка и координација за Украина. Османи потврди дека неодамна добил писмо од шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, чија содржина била со не многу дипломатски препораки за тоа како Москва смета дека Скопје треба да раководи со ОБСЕ.

„Кога би требал да правам избор – наше успешно претседавање со ОБСЕ и компромис со кршење на основните принципи, би го избрал второто – нема компромис со основните принципи на ОБСЕ“, додаде тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.