Седма жртва месецов – Млада девојка почина од грип

news
Advertisement

На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.

Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на месец јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на месец февруари и почеток на март.

Инаку 1.675 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица.

Извор. https://skopjeinfo.mk/sedma-zhrtva-mesecov-mlada-devojka-pochina-od-grip

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.