Advertisement
Станува збор за италијанска државјанка, која управувала со возило со германски таблички без важечка возачка дозвола од Италија низ Словенија кон Хрватска.
Advertisement
Словенечката полиција соопштила дека возела 161 км/ч, што е значително повеќе од 100 км/ч, колку што е ограничувањето на брзината на таа делница, и се движела кон граничниот премин Ригонце за влез во Хрватска. На граничниот премин полицијата открила дека нема возачка дозвола, а утврдено е и дека е снимена како ја пречекорува брзината.
Полицијата ѝ го одзела автомобилот, изречена ѝ е парична казна поради големата брзина и е приведена во надлежен суд поради возењето без важечка возачка дозвола.
Advertisement