Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

news
Advertisement

Танкер со хемикалии што пловел под јужнокорејско знаме се преврте во близина на брегот на префектурата Јамагучи во западна Јапонија, при што е потврдено дека загинале седум членови на екипажот, јави денеска јавната телевизија NHK, цитирајќи ја крајбрежната стража.

Advertisement

Танкерот Keoyoung Sun бил закотвен во лоши временски услови и повикал помош по 7 часот наутро во средата (23 часот во вторник по средноевропско време), велејќи дека бродот се навалува, објави NHK.

Бродот имаше 11 членови на екипажот. Од деветте членови на екипажот кои беа извлечени, за седум е потврдена смртта, додека во тек се операции за спасување на останатите двајца.

Танкерот превезувал 980 тони акрилна киселина, но не е откриено излевање, наведува NHK.Од: А1он

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *