Advertisement
Advertisement
Пејачката Наташа Малинкова, мајка на две ќерки, повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со својата најнова фотографија во костим за капење. И покрај тоа што е во петтата деценија од животот, таа изгледа одлично, демонстрирајќи дека возраста не е пречка за добра форма и млад дух.
Во колоритен костим за капење, Малинкова покажа дека посветеноста и активниот начин на живот се клучни за одржување на витката фигура. Последниот период, таа активно се занимава со рекреативен велосипедизам, спорт кој очигледно ѝ помага да ја одржува својата кондиција.
Нејзиниот изглед и енергија се чест извор на инспирација за нејзините следбеници, а секоја нејзина објава редовно предизвикува бројни позитивни реакции.
Фото: Инстаграм
РЖМ – Г.Д.Г
Advertisement