Секси, но префинето: Убавата Германка се појавила во Венеција во креација со исклучително длабоко деколте

news
Advertisement

Венецијанската Мостра овие денови обединува бројни славни убавици, а по обичај уживаме во раскошните креации кои се вредни за внимание.
Сепак, една дама заблескала посјајно од останатите, иако конкуренцијата е навистина жестока.

Германската инфлуенсерка Леони Хане, една од најпопуларните во светот, во саботата на црвениот тепих продефилирала во фустан од кој навистина застанува здивот.
Таа избрала гламурозна, впечатлива тоалета со потпис на украинскиот бренд „Milla“ која ја истакнала нејзината витка фигура и со леснотија ја издвоила од останатите.

Овој долг фустан е украсен со златни светкави детали, а го красел и прорез во пределот на градите и исклучително длабоко деколте кое бара храброст, самодоверба, но и подготвеност да се соочите со по некоја критика.
Иако исклучително секси, па дури и на граница на вулгарно, ова деколте одлично ѝ прилегало на убавата Германка, а таа го изнела со толкав стил што не оставило впечаток на невкус.

Advertisement

Леони го надополнила изданието со ефектни златни обетки и едноставни сандали со ремчиња, а се одлучила за едноставна фризура – рамна коса и заводлива шминка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.