Семејното насилство зема серозни димензии – внук ја уби баба си во Ново Лисиче

news
Advertisement

28 годишен скопјанец пред два дена ја убил својата баба.
Внукот ја удирал бабата по главата и вратот, а потоа ја задушил. Осомничениот на 18 ти Јануари извршил семејно насилство и со умисла ја убил бабата.

Advertisement

Стенд Ап убиството се случило во населбата Ново Лисиче во скопски Аеродром, каде внукот својата баба ја убил во семејниот стан.

Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28 годишниот скопјанец за сторено основано соменине дека сторил кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик кде се вели дека казната затвор е најмалку од десет години или доживотен затвор кога друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.“

Во последните десет дена семејното насилство со жртви е се почесто. Пред десет дена две годишно дете од Кичево почина од тешките телесни повреди по целото тело откако го претепал неговиот татко. Пред три дена четири годишно дете заврши на клиниката за детски болести и се уште е во критична состојба. Откако било примено со рани и неухранетост.

Неговата мајка потврди дека раните и скрешениците на ребрата се од напад на куче од пред две недели.

Јавен обвинител го истражува овој случај со сомнеж дека детето било физички тепано од човек. За првиот случај од Кичево најпрво неговата мајка тврдеше дека детето само паднало во игра, за да се потврди потоа дека сторителот на делото е таткото.

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против него за кривично дело убиство.

ИЗВОР. https://kanal5.com.mk/semejnoto-nasilstvo-zema-serozni-dimenzii-vnuk-ja-ubi-baba-si-vo-novo-lisiche/a621855

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.