Серија земјотреси го потресоа Тајван

news
Advertisement

Серија земјотреси го потресоа Тајван

Advertisement

Серија земјотреси го погодија Тајван рано утрово, а најсилниот од нив беше со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Нема извештаи за жртви, иако има дополнителни штети на две катни згради кои беа евакуирани по земјотресот што ка погоди земјата пред еден месец и кој беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Тогаш загинаа 13 лица, а повредени беа над 1.000.

Тоа беше најсилниот земјотрес во последните 25 години што го погоди островот и беше проследен со стотици последователни потреси.

Најсилниот потрес утринава бил со епицентар на 28 километри јужно од градот Хуалиен, на длабочина од 10,7 километри. Училиштата и канцелариите во Хуалиен и околниот округ се затворени, бидејќи стотици последователни потреси продолжија да го погодуваат копно.

Тајван не е непознат по моќните земјотреси, но штетите на високотехнолошкиот остров се релативно ограничени благодарение на неговата одлична подготвеност за земјотреси, велат експертите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.