Сестрата на бизнисменот од подморницата „Титан“: Син му беше преплашен, но отиде поради него

news
Advertisement

Таа рекла дека другите патници кои загинаа во катастрофалната имплозија патувале од личен интерес, за разлика од 19-годишниот Сулејман
Сулејман како да чувствуваше дека нешто нема да биде во ред и не беше најсреќен поради идејата за патување до потонатиот брод „Титаник“, но го направи тоа за својот татко за Денот на таткото, открива постарата сестра на претприемачот Шахзада Давуд, Азмех Давуд, за Ен-би-си њуз, при што додаде дека неговиот син бил многу исплашен.

Advertisement

„Сулејман одлучи да оди на патувањето како подарок за својот татко за Денот на таткото. Тоа беше искуство за нивно поврзување и сакаше тоа да биде многу возбудлива авантура која ќе ја памети целиот живот“,

изјави Азмех.
Таа рекла дека другите патници кои загинаа во катастрофалната имплозија патувале од личен интерес, за разлика од 19-годишниот Сулејман.

„Тие беа таму за свој интерес, Сулејман беше таму затоа што сакаше да се поврзе со својот татко. Колку и да звучи ужасно, мило ми е што знам дека мојот Сулејман не почувствувал ништо. Тие само седеле и уживале, а потоа одеднаш настанало бум! – готово. Немале време ни да разберат што се случило“,

рекла Азмех опишувајќи го својот брат како „скапоцен ангел“ кој се интересирал за „Титаник“ уште од младоста.
Тоа беше неговата најголема желба, неговиот сон, сè. Сонот на Шахзада се оствари на извонреден начин. Стана дел од легендата за „Титаник“. Во таа смисла, тој не можеше да постигне ништо поголемо, изјавила Азмех за Ен-би-си од својот дом во Амстердам.

Пријатели, роднини и колеги му оддадоа сочувство до семејствата на петчлениот екипаж на подморницата „Титан“, кои по неколкудневна потрага вчера беа прогласени за мртви. Тие ги загубиле животите во, како што се верува, „катастрофална имплозија“ што се случила на патувањето на подморницата до остатоците на бродот аТитаник“ во северниот Атлантик.

Жртви на трагедијата се педесет и осумгодишниот британски милијардер и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман Давуд, францускиот нуркач Пол-Анри Нарголе и соосоновачот и извршен директор на компанијата „Оушнгејт“, која ја организираше експедицијата, Стоктон Раш.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.