Се запали возило во Велес

news
Advertisement

Територијалната противпожарна единица Велес синоќа во 19:15 часот добила повик за запалено патничко моторно возило на улица „11 Октомври“ во Велес. Со брза интервенција на пожарникарите било спречено со пожарот да биде зафатена и внатрешноста на возилото, информираат денеска од ТППЕ Велес.

Advertisement

Појаснуваат дека на интервенција на запаленото возило оттишле со екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Воедно апелираат до граѓаните доколку забележат пожар од било каков вид веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112

Извор: https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=562859

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.