Се ожени внукот на Амди Барјам: Голема свадбена прослава за Валентин и Деби

news
Advertisement

Валентин Бајрам, внукот на македонскиот политичар и некогашен претседател на политичката партија – Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ), покојниот Амди Бајрам, ја озакони љубовта со својата избраничка.

Advertisement

Семејствата на младенците организираа луксузна прослава во еден познат скопски хотел. Многу музика, весели гости и добра забава.

Валентин Бајрам и неговата избраничка Деби Курто пред своите најблиски и големиот број на гости се заколнаа на вечна љубов притоа уживајќи во својата свадбена прослава од соништата.

Синот на покојниот политичар, Габриел Бајрам заедно со семејството на невестата ја славеа љубовта на нивните деца до раните утрински часови.

За забавата се погрижи познатиот српски пејач Адил Максутовиќ.

Невестата заблеска во две раскошни креации. За волуменозната венчаницата беа ангажирани хостеси кои помагаа на Деби бидејќи венчаницата беше многу тешка за носење.

Пред две години, во домот на невестата беше организирана прослава на која се запознаа семејствата на младенците на која присутвуваше и Амди Бајрам. Невестата беше дарувана со златен накит од семејството Бајрам.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.