СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ПОЛИЦАЕЦ И ПРЕТРЕСУВАЛ ДОМ НА СОГРАЃАНИН – Уапсен Велешанец по неколку кражби

news
Advertisement

Четириесетиедно годишен жител на селото Горно Оризари, Велес е уапсен откако извршил неколку кражби, но и се претставувал како полицаец, при што успеал да прибави туѓа документација, клучеви од домот на измамениот велешанец, па дури и да ја пребара неговата куќа.

Advertisement

Како што јави МВР, во текот на вчерашниот ден поточно во попладневнивте часови, лицето со иницијали А.К. (41) е уапсено.

А.К. се сомничи дека во период 16/17.09.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „цитроен ц3“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.Д.(60) од Велес и електричен алат.

Потоа, А.К. пред продавница во Велес лажно се претставил како полициски службеник, па од К.П.(50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом.

– Потоа влегол во домот на К.П. во Велес и извршил пребарување, но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл „лонгија“ без регистарски ознаки, сопственост на Р.К.(45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес. По издадена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К.П. и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – наведува МВР во билтенот.

Извор: https://faktor.mk/-se-pretstavil-kako-policaec-i-pretresuval-dom-na-sogragjanin—uapsen-veleshanec-po-nekolku-krazbi

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.