„Се размислува да се вратат пари на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи“, порача Османи

news
Advertisement

12-ти февруари е рокот кога престануваат да важат патните исправи со старото име на државата „Република Македонија“. Личните документи пак продолжуваат да важат, но само за внатрешна употреба.

Advertisement

По оваа информација, граѓаните беа револтирани затоа што иако имаат важечки документи, сепак мора повторно да извадат и за тоа самите да платат, но се чини дека власта размислува да ги врати средствата на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи.

Ова за ТВ21 го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Со новиот премиер, на првата седница веднаш формираше работна група за да се изнајдат решенија. Решенија за кои што има неколку сценарија од можноста државата да компензира за тие кои што имаат важечки пасош а заради Договорот мора да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите. Денеска имаше прв состанок на таа работна група“, вели Османи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.