Се урнаа гробишта, од карпата висат ковчези

news
Advertisement

На гробиштата Поџореале во Неапол, дел од теренот повторно се урна, а десетици ковчези останаа да висат на карпите. На почетокот на
годината се урна дел од гробиштата, но тогаш од спротивната страна. Целата област е оградена и отворена е нова истрага.
Делот од гробиштата кој се урна се наоѓа во близина на крематориумот, а отворени се десетина сандаци со видливи трупови, без никаква заштита. Во моментот на уривањето немало посетители, бидејќи се се случило откако гробиштата биле затворени.
Поџореале, најголемите гробишта во Неапол и едни од најголемите во Европа, се наоѓаат во населбите Секундиљано и Сан Карло ал Арена.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.