Се уште трае увидот за пожарот во Универзална сала

news
Advertisement

Се уште трае увидот за пожарот во Универзална сала. Тројцата градежни работници кои работеа на реконструкцијата на објектот и кои во моментот на пожарот се надоа таму по дадените изјави во полицискат станица се пуштени дома.
Од Јавното обвинителство информираа дека локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај. Во рамките на своите надлежности, државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник, велат од Јавното обвинителство.
Пожарот изби само еден месец откако почнаа градежните работи за нејзина реконструкција

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.