Силен земјотрес ја погоди Јапонија

news
Advertisement

Земјотрес со прелиминарна јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово погоди област во близина на Токио, но не е издадено предупредување за цунами и нема информации за жртви, соопшти метеоролошката агенција и локалните власти.

Advertisement

Земјотресот се случил околу 9:08 часот по локално време, со епицентар во префектурата Ибараки во источна Јапонија, на длабочина од околу 46 километри, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Поради земјотресот привремено е запрен сообраќајот на брзите возови кои ги поврзуваат Токио и градовите во централна Јапонија, Нагано и Ниигата, јавува агенцијата „Кјодо“.

По земјотресот не се пријавени дефекти во нуклеарната централа Токаи бр.2 во Ибараки, соопшти операторот на централата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.