Силјановска Давкова е реприза на Иванов, порачаа од СДСМ

news
Advertisement

СДСМ порачува дека пратеничката и кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова е реприза на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов. Од партијата на власт истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Силјановска Давкова нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.

Advertisement

-Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, со што целосно се докажа и како антиевропски политичар, се вели во соопштението од СДСМ.

Додаваат дека има само два избори.

-Напред по европскиот пат на просперитет со Пендаровски или назад во изолација со Силјановска, велат од партијата.

Претходно од партијата на Христијан Мицкоски обвинија дека Пендаровски е синоним за лаги и манипулации.

Според партијата, „тој отиде дури и понатака, па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ“.

-Ниту едното, ниту другото е точно. Пендаровски а зина, а излажа. Реалноста за жал е поразителна за Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.