Синот Чарлс е новиот британски крал

news
Advertisement

Чарлс, синот на кралицата Елизабета Втора. кој почина на 97-годишна возраст, е новиот британски крал. Тој автоматски станува крал како најстар син на Елизабета II и не е потребно крунисување. Чарлс ја наследува титулата шеф на Комонвелтот, како и имотот.

Advertisement

Последниот крал бил Џорџ VI, татко на Елизабета II.

Во минатото, кралицата изрази желба Чарлс да го преземе Комонвелтот. „Моја искрена желба е Комонвелтот да продолжи да нуди стабилност и континуитет за идните генерации и еден ден принцот од Велс да ја продолжи важната работа што татко ми ја започна во 1949 година“, рече Елизабета Втора пред четири години.

Кој е Чарлс?
Чарлс (73) чекаше со децении да стане крал и е принцот со најдолг стаж во британската историја. Тој е најстариот од четирите деца родени на кралицата и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

Кога неговата мајка го презеде тронот на 25-годишна возраст, тој стана британски наследник на 3-годишна возраст. Титулите на Чарлс ги вклучуваат оние на принцот од Велс, војводата од Корнвол, војводата од Ротези и Ерл од Керик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.