Скопјанец претепал жена и ја заклучил во неговиот дом

news
Advertisement

Шеесетгодишен скопјанец е осомничен за киднапирање и насилство врз познаничка, која ја повикал на кафе во неговиот дом, а потоа ја претепал и ја држел заклучена еден ден.

Advertisement

-На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден, појаснуваат од Обвинителството. Појаснуваат дека против 60-годишен скопјанец е поведена постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 и Противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Поради сериозноста на извршените кривични дела се бара и притвор за осомничениот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.