СКОРО ВЕРОЈАТНО Е ДЕКА ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ СПОЕНИ, ДАЛИ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ВТОР МАНДАТ ЌЕ ОДЛУЧАМ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА, ВЕЛИ ПЕНДАРОВСКИ

news
Advertisement

Ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат во однос на изборите и можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Advertisement

Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави Пендаровски, одговарајќи на прашањето дали власта и опозицијата ќе се договорот околу датумот и дали според него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека е премногу рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после Нова година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.