Славески: Градоначалничката Арсовска наликува на четири годишно дете со чеканче во раката, потребен и е одмор

news
Advertisement

-Пред летните одмори градоначалникот Арсовска изјави дека ќе работи цело лето и нема да земе одмор, мој совет е да си земе малку одмор, затоа што се гледа нервоза, а во нервоза и брзоплетост се прават грешки. Од она што го гледам и од она што постојано се случува во градската администрација, беше јасно потребен е одмор. Мене ми изгледа како госпоѓата Арсовска на моменти да изгледа како четири годишно дете, кое што има чеканче во рака и секој предмет што е околу него го гледа како клинец, како шајка и само удира. Тоа удирање треба да запре, изјави Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на град Скопје.

Advertisement

Однесувањето на Арсовска односно разрешувањето на најблиските соработници, на директорите на јавните институции, за Славески не изгледа како постапка на искусен менаџер.

-Во интерес на граѓаните со извлекување на поуки од ова што се случува, доведување на работите и однесувањето на своето место, како возрасни личности да продолжиме да функционираме во интерес на граѓаните на Градот Скопје. Јас тоа го ветувам, без разлика колку долго ќе останам претседател на Советот, ветувам дека советот така ќе продолжи да функционира, посакувам и сите останати така да функционираат, рече Славески.

Одоговарајќи на прашање за тоа како ќе профункционираат институциите во следниот тежок кризен период во кои Арсовска ги смени директорите, тој потенцираше дека на новите директори ќе им биден потребен одреден период за да се прилагодат на институциите, но тој потенцираше дека од името на Советот на градот Скопје, а тоа го кажувал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе направат се институциите да функционираат на најдобар можен начин во овие тешки моменти и предизвици кои претстојат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.