Претседателот на Русија, Владимир Путин, доби „нож во грб“ од човекот кој го има спасено неколку пати. Станува збор за добро познатиот фудбалер Александар Кокорин.
Иако има само 32 години, напаѓачот има направено голем број на скандали, како на зелениот терен така и надвор од стадионите.
Пред неколку години беше актуелен поради видео-клипот на кој ужива со неколку проститутки, а на една забава потроши околу 250.000 евра. Исто така Кокорин беше во затвор поради физички напад на еден државен службеник.
Наводно и тогаш Путин ургирал фудбалерот да добие поблага казна, но на крајот заедно со Павел Мамаев поминаа 18 месеци во затвор.
За неговата популарност во Русија говори и фактот дека една позната порно актерка му вети секс маратон од 16 часа, а беше снимен како лудува во креветот со неколку пиштоли во рака.
Откако му здосади да игра во Русија со 30 години потпиша за Фиорентина која го купи за 4.5 мил. евра, но прикажаните игри во „виолетовиот“ дрес беа под очекуваното.
Од пред една години го носи дресот на кипарскиот Арис од Лимасол, а на одиграните 29 натпревари постигнаа 16 погодоци, запиша шест асистенции и ја освои двојната круна.
После неколку месеци на Кипар напаѓачот се откажа од руското државјанство и потврди дека сака кипарски пасош.
Само за тоа се збори. Сакал кипарско државјанство. На Кипар ја пронајде својата земја. Резултати. Зошто да си замине? Сега ќе купи две или три куќи, сите во клубот се задоволни од него, изјави агентот на 32-годишниот фудбалер, Алексеј Сефанов.
Со таквиот потег Кокорин сигурно ја затвори влезната врата од Русија и никогаш повеќе нема да добие било каква помош од Владимир Путин.