Слупчанец превезувал 12 Непалци – мигранти па се обидел низ ниви да избега

news
Advertisement

Деветнаесетгодишен жител на Слуплани превезувал 12 мигранти од Непал во комбе со скопски регистерски таблички. Не ѝ застанал на полицијат на на автопатот од Куманово кон Табановце, избегал по локален.пат, па потоа бегал низ ниви.

Advertisement

„Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слупчане, липковско, бидејќи во возилото фолскваген транспортер со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.

Околу 2.20 часот на автопатот ‘Пријателство’, делница Табановце – Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возачот не застанал и продолжил со движење, се исклучил од автопатот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе и откако влегол во село Орашец навлегол во нива, по што излегол од возилото и се обидел да побегне. Набргу бил фатен, а во возилото биле пронајдени мигрантите. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот извештај.

ИЗВОР: https://mkd.mk/node/529613

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.