СНЕГОТ БЛОКИРА ПАТИШТА: Затворен за сообраќај на камиони е патот од Гостивар преку Стража за Кичево и Маврово кон Дебар

news
Advertisement

Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за тешки моторни возија, информираат од АМСМ утрово. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Advertisement

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека на 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

Врнежите од снег од утринава предизвикуваат проблеми во сообраќајот на државните патишта. На неколку патни правци воведена е забрана за автобуси и тешки товарни возила.

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

Забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар.

Поради интензивни снежни врнежи од 8:45 часот забрана за тешки товарни возила е воведена и на патниот правец Струга кон граничниот премин Ќафасан.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до учесниците на сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво.

– Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен, во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни, велат од ова јавно претпријатие.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат обилни врнежи од снег и ниски температури проследени со појава на северен ветер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.