Собранието одлучува: Абдуш Демири ќе биде седмиот член на ДИК

news
Advertisement

На денешната седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата со 10 гласа „ЗА“ и еден воздржан Абдуш Демири го помина комисискиот филтер, да биде избран за член на ДИК. Абдуш Демири е предлог на обединетата албанска опозиција, поточно партиите БЕСА, Алтернатива и Демократско движење.
Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА потврди дека кандидатот Зулфи Адили предложен од Европската демократска партија на Арјанит Хоџа ја повлекол кандидатурата и оти во „трката“ за член на ДИК останува кандидатот предложен од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промена – Абдуш Демири.
„Денес е одржа седница на комисијата за избори и именувања и беше изгласан кандидатот Абдуш Демири. Празното место во ДИК, согласно законот им припаѓа на партиите од опозицискиот блок. Доаѓаме до момент кога конечно се почитува законот. Како коалиција, бараме од сите парламентарни партии да го поддржат изборот, и бараме од претседателот на Собрание да закаже седница што поскоро“ – рече пратеничката Сафије Садики.
Избор на член на Државна изборна комисија се гласа со двотретинско мнозинство.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.