Сообраќаен колапс во Скопје: Приватните превозници ја блокираа крстоницата кај „Мавровка“

news
Advertisement

Скопје се разбуди во сообраќаен хаос, доцнење на работа, автомобилски свирежи и гужви е сликата од булеварите на главниот град.

Advertisement

Причина за ваквата состојба се 30те автобуси кои ја блокираат на крстосницата кај „Мавровка“ во знак на протест од страна на приватните превозници кои очекуваат исплаќање на долгот од ЈСП во висина од 1,5 милиони евра. Граѓаните велат дека се приморани да кружат и да бираат други рути за да си ги бркаат обврските, се надеваат дека оваа состојба побргу ќе се реши.

Приватниците во јавниот превоз се извинија за сообраќајниот хаос, но велат ништо друго не им останува за да си го добијат она што им се должи. Се жалат дека секојдневно им ѕвони телефонот и им се бараат парите кои ги должат за гориво, за делови и рати за регистрации.

Три месеци се без примања, па среде економската криза се на работ да трпат за леб, се жалат тие.

Сите автобуси кои треба да поминат преку „Мавровка“ одат по други рути, а тоа создава дополнителна гужва и чекање на постојките. Доколку нема решение на проблемот, приватниците најавуваат дека блокадите ќе се прошират и на останатите крстосници и булевари низ Скопје.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.