Advertisement
Поради сообраќајна несреќа во која едно возило излетало од патот кај месноста Баткова Чешма, Делчевско, во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани.
Advertisement
На местото на сообраќајката интервенирала Итната медицинска помош, при што едно лице е повредено и во моментот со возило и присуство на доктор е упатено кон Клиничката болница во Штип.
Во моментот полицијата врши увид на терен, а возилата се пренасочуваат преку алтернативни патни правци.
Advertisement