Состанок на Комисијата за заразни болести – дали ќе се расчитстат дилемите за вакцинацијата и градинките?

news
Advertisement

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи седница во 12 часот, а според она што вчера го најави министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири ќе биде појасно дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер, важи за оние кои не се вакцинирани или и за оние кои не ја примиле ревакцината.

Advertisement

Од понеделникот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) почна со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се имунизирани со вакцината ДТП откако Министерството за здравство ги прифати препораките од последната седница на Комисијата за заразни болести.

Директорката на ДСЗИ Рената Младеновска во понеделникот информираше дека скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно вакцинирани против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто се вакцинирани.

Родителите реагираат дека апсурдна е одлуката на Министерството за здавсво за забрана на невакцинирани деца во градинките и им укажуваат на надлежните дека едно бебе до 18 месеци за да ги прими сите дози, треба да е здраво, а доколку се разболи вакцинацијата се одложува. Тоа значи дека бебето на 18 месеци ќе доцни со дозите и покрај желбите на родителите, сепак имунизацијата се одложува. Па прашуваат како се носат вакви одлуки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *