Софијанова „дежурала“ додека била во Словенија, Салиу објави фотогорафии и документи што правела

news
Advertisement

Новинарот Фуркан Салиу денеска ја продолжи приказната околу платата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, посебно за дежурствата за кои тврди дека ги не ги одработила, туку само ги наплатила.

Advertisement

Тој ја прашува доктор Софијанова како дежурала во периодот од 15 август до 15 септември, кога била во Словенија.

Нејзиниот одговор е „Дежурав од Словенија“, на што Салиу прикажува низа документи од дежурствата запишани од главната сестра и оние на кои се пишани повеќе дежурства за директорката.

Слична е состојбата прикажана во документите до кои „Клан“ стигна за пролетните месеци, кога иако кај Софијанова се регистрирани 32 часа дежурство, таа наплатила за 96. Во април, пак, повторно на сметка ѝ легнал надомест за 96 дежурни часа, а всушност не била ни еден час, барем според документите кои тој ги прикажува.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.