“Сочувство до сите… до следната трагедија”: Тамара гневна, лута, тажна и разочарана

news
Advertisement

Advertisement

Се огласи и Тамара Тодевска по повод невидената трагедија што се случи во Кочани денес. Таа беше блиска со сите членови од групата кои ги изгубија животите во пламените јазици, па напиша и поентира:

„Денеска не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе.

Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна… разочарана.

И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.

Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…

Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.

Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија.“