Соња (57) и Марко (69): „Не очекувавме дека ќе имаме дете, но ете се случи, пресреќни сме“

Соња (57) и Марко (69): „Не очекувавме дека ќе имаме дете, но ете се случи, пресреќни сме“

news
Advertisement

Соња (57) и Марко (69): „Не очекувавме дека ќе имаме дете, но ете се случи, пресреќни сме“

Advertisement

Соња и Марко, парот од Црна Гора кои повеќе од 22 години се обидувале да се остварат како родители, тоа им се оставри пред само пет месеци кога на веќе поодминати години ја добија ќерката Богдана.

„Не ни помислувавме дека нешто вакво може да се случи“, рече гордата мајка Соња (57). Таа и нејзиниот сопруг Марко (69) пред пет месеци ја добија ќеркичката Богдана.

– Раѓањето мало бебе може да биде навистина предизвикувачко. Малечкото плаче, а и жената плаче. Ќе биде подобро кога на детето ќе му пораснат заби – изјавил Марко.

Како што рекоа, не мислеле дека тоа може да се случи.

– Како родители сме исполнети, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема. Токму за ова сонував целиот свој живот – продолжи гордата мајка.

Брачениот пар од Црна Гора се обидувале да добијат дете веќе 22 години, а како што претходно изјавија за српските медиуми, сакаат да добијат и син.

– Имаше прослава, мојот сопруг знае подобро, бев во болница, но имало – вели таа. Иако Соња е една од најстарите мајки што раѓаат прв пат во регионот, таа не е најстарата.

– Во регионот не сум слушнала за жена да се породи на 61 година, но не знам дали и во Скопјe. Во основа, се породила во Скопјe, но немам поим од каде е. Го посетивме доктор Младен Ристовски, имавме добар прием, добра консултација со него и терапија – раскажала Соња.

Фото: Принтскирн NovaTV
Извор: 24sata.hr

Advertisement