Музичарот Роберт Спасенцовски, познат по прекарот Џокер, на 28-миот роденден доби уникатен подарок од својата сопруга, Антониа Гиговска. Антониа сподели на социјалните мрежи фотографија на која се гледа тематската торта која му ја подари за роденден, инспирирана од популарниот филмски лик Џокер. Тортата беше со впечатлив дизајн, кој ја одразуваше личноста на Роберт и неговиот познат прекар, а Антониа ја објави со емотикон срце и години „28“, кои ги наполни музичарот.
Роберт пак, исто така, ја сподели радоста на својот инстаграм профил, каде објави фотографија со нивниот син Киан. Заедно со сликата, музичарот напиша емотивна порака: „Мојот животен подарок, мојот наследник“, нагласувајќи ја важноста на неговото семејство и љубовта што ја има за својот син.
Роберт и Антониа, кои се во брак повеќе од две години, ја крунисаа својата љубов со раѓањето на Киан, кој сега им носи огромна радост и среќа.
РЖМ – Г.Д.Г
Фото: Инстаграм