Со 148 км на час фатен на радар како вози по скопска улица

news
Advertisement

МВР сподели фотографија направена од полициски радар на која се гледа моментот кога е регистрирано возло кое се движи со 148 километри на час по скопска улица која не само што е несоодветна за такви брзини, туку во Скопје возењето е ограничено на 50 километри на час. Во текот на вчерашниот ден во Скопје за разни сообраќајни прекршоци се казнети 211 лица.

Advertisement

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 12 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)“, информира МВР.

Министерството предупредува дека и во наредниот период продолжува со секојдневните засилени акциски контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.