Со 236 км на час фатен возач на радар

news
Advertisement

Во текот на вчерашниот ден (28.08.2023) Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 40 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место, соопшти МВР.

Advertisement

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.