Advertisement
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава информираше дека се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото во Скопје.
Advertisement
Рече дека добиени се податоци од електронските уреди на девојчето,и оти системот „Сејв сити функционира“, прегледани се преку 50 места каде што имало камери, а пребарано е и речното корито на Вардар, посочи министерот.
Advertisement